24 March 2013

ПРОЛЕТНИ ЕКО – АКТИВНОСТИ ВО О.У.„ТОДОР АНГЕЛЕВСКИ“ БИТОЛА



По повод доаѓањето на пролетта на 22 Март (ден подоцна)  и   во рамките на реализирањето на програмата Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем, во О.У.„Тодор Ангелевски“ – Битола, беше организиран настан:
Креативно изразување со разни сликарски техники на тема „Пролетта доаѓа“
Настанот требаше да се случи во училишниот двор на нашето училиште, но поради студеното време и ветер, учениците од одделенска настава од двете смени,излегоа од своите училници и во училишниот ходник,  креативно ликовно се изразуваа поттикнати во нивната инспирација со музиката на Вивалди  „Пролет“ од композицијата „Четирите годишни времиња“преку училишното озвучување. После создадените творби, одбрани беа најуспешните и презентирани во фоајето на училишната зграда, на поставен Еко-ѕид, да ја разубавуваат истата со пролетни мотиви.