27 April 2013

22 Април- Светски ден на планетата Земја


По повод 22 Април- Светскиот ден на планетата Земја, како и Светскиот ден на акција, нашето училиште повторно се вклучи во низата активности и во овој настан  свечено и со многубројни активности го прослави и овој ден. Во низата активности стои кампањата на дел од учениците за почиста и поздрава животна средина, каде со пароли во рацете, облечени со еко костими и делејќи флаери со едукативни пораки го прославија истиот ден, а исто така се вклучија во модната ревија на еко костими која ја организираше градинката„Естреја Овадија Мара“. Додека еден дел од учениците беа излезени на Градскиот плоштад и по улиците на Широк Сокак, во училиштето се спроведе акција за поставување на куќички за птици во училишниот двор, кои ќе служат за хранење и гнездење на птиците. Додека едните ја подигаа свеста за поздрава и почиста средина, другите ставаа куќички на дрвјата од училишниот двор, друга група ученици засадуваше цвеќиња, со кои хортикултурно ќе се доуредат некои катчиња од нашето училиште. Важно дека ја постигнуваме нашата цел, од сите еко-акции сме дел!

14 April 2013

Програма на активности по повод Патрониот празник


Централно училиште

15.04.2013 (Понеделник)

Литературно музички рецитал
„Битола – град на конзулите“
18:30 часот во салон II спрат, IV2 и IV4 одделение

16.04.2013 (Вторник)

Презентација на забавни активности
16:30 часот во училница V3 одделение

17.04.2013 (Среда)

Драматизација
„Походот на сончогледите“
10:00 часот во училница I2 одделение

Ликовна работилница
„ Меѓуетничка интеграција во образованието “
10:00 часот во училница III2 одделение

Драматизација
„Ни дојде пролет“
10:30 часот во училница I1 одделение

Работилница
„Рециклираме – профитираме“
16:30 часот во училница II2 и IV3 одделение

Театарска претстава
„Конзулска Битола“
17:00 часот во библиотека IV1 одделение

Драматизација
„Низ минатото и сегашноста“
17:00 часот во училница V4 одделение

Работилница
„Меѓуетничка интеграција во образованието“
17:30 часот во училница III1 одделение

18.04.2013 (Четврток)

Презентација на проект
„Меѓуетничка интеграција во образованието“
10:00 часот во училница I3 одделение

Изработка на „Еко пано“
16:00 часот во училница II одделение

Литературно читање и промоција на
Еко химната на ОУ „Тодор Ангелевски“
16:30 часот во библиотека

Театар на сенки
„Зошто не сме исти“
17:00 часот во училница III одделение

Драматизација
„Хип Хоп фраери“
17:30 часот во училница V1 одделение


19.04.2013 (Петок)

Спортски активности
Турнир во мал фудбал
9:00 часот на спортските терени во централното училиште

Презентација на проект
„Енергијата вреди – треба да се штеди“
11:00 часот во кабинет по Физика

Коктел за пензионерите од
ОУ„Тодор Ангелевски“
11:00 часот во библиотека

Математички квиз
12:00 часот во кабинет по Математика


Подрачно училиште во Горно Оризари

18.04.2013 (Четврток)

Рецитал и драматизација
10:00 часот во училница I одделение

Рецитал и драматизација
10:00 часот во училница II одделение

Сплет игри и драматизација
11:00 часот во училница III и IV одделение


Подрачно училиште во Стрелиште

17.04.2013 (Среда)

Работилница
„Од децата за децата“
12:00 часот во училница II и IV одделение

18.04.2013 (Четврток)

Драматизација
„Мрзливата жена и метлата“
16:00 часот во училница V одделение

02 April 2013

ЕКО МАСКЕНБАЛ !!!

На 1 Април во нашето училиште се одржа настан „Еко маскенбал“, во кој учество зедоа сите ученици  од I – V одд. од одделенска настава. Настанот кој се одржа е дел од активностите планирани со програмата „Еко – училиште“ која се реализира во текот на учебната 2012/13год. Учениците покрај забавниот дел во кој уживаа, во ревијалниот дел имаа можност да ги покажат своите креативни идеи и да покажат дека знаат да се грижат и да ја чуваат планетата Земја.Покажаа дека од отпадните материјали можат да се направат преубави костими, цветови, роботи, ликови од детски цртани..., ни покажаа како треба да се грижиме за отпадниот материјал и како треба да го селектираме истиот. Мнозина испратија  преубави  пораки до сите совесни луѓе со една мисла - Нашето училиште да стане дел од Меѓународната мрежа на зелени училишта, да стане поубава, почиста и позелена средина во која сите заедно ќе придонесеме за тоа.