22 March 2014

Lions клубот засади рози

По повод доаѓањето на пролетта, членовите од Lions клубот од Битола на 22 март, донираа и засадија бели рози во дворот на основното училиште „Тодор Ангелевски“. Беа избрани бели рози бидејќи тие најмногу апсорбираат штетни материи од воздухот.


11 March 2014

Интернационален Сертификат !!!

Иако влеговме во третиот последен циклус на Програмата„Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, нашето училиште во изминатата учебна година вредно работеше, постигна многу во реализацијата на истата програма и во подигнувањето на свеста за заштита на животната средина кај учениците, наставниците, па и родителите.Единствено, ни недостигаше малку храброст да аплицираме за највисоката награда зелено знаме, па на објавениот конкурс од страна на ОХО Здружение за едукација,консалтинг и комуникација и Министерството за образование и наука, во соработка со Швајцарската агенција за развој, нашето училиште се пријави за сребрено ниво, односно ниво веднаш после зеленото знаме.
На петтиот по ред Еко самит одржан во О.У.„Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром во присуство на министерот за образование и наука Спиро Ристовски и Амбасадорот на Швајцарската конфедерација Стефано Лазарото беа доделени наградите за најдобрите еко училишта.
Придобивки од истата награда:Нашето училиште се закити со Интернационален сертификат за Еко училиште, односно влезе во Интернационалната мрежа на еко училишта FEE, како и можност да учествува со свои проекти за финансиска поддршка, а воедно и мотив следната учебна година да се закитиме со Зелено знаме, зашто тоа го заслужуваме....ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ!