07 October 2015

ДА ЈА ЗАЧУВАМЕ ЧИСТА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Учениците, наставниците, вработените од OУ ,,Тодор Ангелевски,, сериозно ги сфаќаат еколошките проблеми и секојдневно преку низа активности се трудат да придонесат за здрава животна средина и здрав живот. Водени  сме од идејата дека навистина  сакаме да преуредиме, да исфрлиме се што не ни е потребно да се ослободиме од се она претставува вишок, да исчистиме и да се пофалиме со убавините на  естетското, чистото, уреденото.
Во нашето училиште еко-активностите се одвиваат континуирано.Пред почетокот на новата учебна година беше уреден дворот во училиштето,а беа поставени и нови корпи за отпадоци.
    Во акцијата спроведена на 3.10.2015 год.се вклучивме во одбележување   на почетокот на кампањата ,,Македонија без отпад,, во оваа учебна година. Се реализираа повеќе активности со учениците и наставниците членови на Еко-одборот.Акциите беа собирање на отпад во училишниот двор и околните места, како и собирање на пластични шишиња за изработка на куќарка за ботаничката градина.



    Денот беше прекрасен па затоа нашата акција ја продолживме во училишниот двор.Формираните еко-патроли од предметна настава  со нивната наставничка  Ана Јовановска направија интервју на тема ,,Намалување на отпадот,, со цел да се намали отпадот во нашето училиште.Се организира и едукативен час на тема ,,Отпад,, каде учениците беа мотивирани да го селектираат отпадот во околината ,со оглед што училиштето поседува канти за различен вид на отпад: стакло,пластика  и хартија. Вредните рачиња на сите ученици изработија Еко дрвце и испратија многу пораки  за заштита на нашата мајка планета Земја.



   Најубаво од се е тоа што активностите ни поминаа во весела и дружељубива атмосфера. Тоа беше ден каде немаше ученици,наставници и вработени, бидејќи сите ние бевме екологисти. Погледајте ги нашите фотографии и видеа од сите овие активности. Ние продолжуваме понатаму...............
Кординатор на проектот:
Слаџана Бојаџиева

Na{eto moto e:
Uporna rabota, trud; prezemawe na razni inicijativi, komunikativnost, spremnost za rabota i sorabotka, konstruktivnost, `elba za ubav, ~ist, ureden, i sreden prostor kako vo u~ili{teto, taka i okolu nego; miris na sve`o farbani yidovi i sve`a zelena treva.