06 December 2017

Работилница

Работилница со VII одделение на тема „Дрогата како општествено зло на младите“ по повод Ноември месец на борбата против зависноста.
25.11.2017




28 March 2017

Реализирање на предавање во соработка со Always Ultra - програма за ученички од VI одделение на тема „Промените во пубертетот и хигиената во тој период“.













11 March 2017

Дружење со бајките на Х.К.Андерсен

Забавна читачка работилница. Читање по улоги на бајката „Грдото пајче“
Лидија Лозанова

02 March 2017

Од работилницата за учење на бихевиорални вештини со учениците од VI 2 одд. ,по пат на бура на идеи,утврдивме дека најчесто навредување е исмејување на “способностите“ и физичкиот изглед.За да ја поправиме штетата ,се ангажиравме да ги развиеме вештините на комуникација,по пат на воведување на учениците во одредени ситуации .Во групи учениците донесуваа одлука за најдобро решение за надминување на ситуацијата која може да доведе до насилно однесување.На оваа работилница учениците учеа да прават разлика помеѓу пасивно, агресивно и асертивно однесување.                             
  Пр.Ситуација;       
  Седиш во кино и оној што седи пред тебе почнува да дофрла и зборува со својот пријател.
1.Цело време се поместуваш лево-десно за да го гледаш филмот и се напрегаш да слушаш.
2.„Ај замолчи ,не си на пазар.“
3.„Ве молам бидете тивки ,сакам да го следам филмот.“

25 February 2017

УЧИМЕ : КАКО ДО НЕНАСИЛНО ОДНЕСУВАЊЕ ?

Статистиката покажува дека не постои училиште каде не е забележано присуството на деструктивно однесување од страна на учениците насочено врз ученици.Насилството не мора да е поврзано со употреба на физичка сила.И тогаш кога употребуваме закана или исмејување на друго лице,и тогаш постапуваме деструктивно.
Со учениците од V3,на заедничка работилница учевме Како да ја поправиме грешката? Поточно учиме како да развиваме вештини за успешна комуникација преку активно слушање.Но не застанавме тука.Ги поттикнавме да размислуваат за можни Идеи за помирување.Следната работилница ке учиме како да разрешуваме конфликти по пат на Играње на улоги по сценарио напишано од самите ученици.

Соња Крстеска психолог

05 January 2017

Дедо Мраз и кај нас

        Старата година ја испратија како прилега, но и Новата...Првачињата од I2 со својата наставничка Добринка ја дочекаа со песна, смеа, радости и многу многу љубов до секого.Прекрасната новогодишна атмосфера ја дополни и кловнот Заги во улога на Дедо Мраз, кој делеше пакетчиња.Нека е Среќна и бериќетна Новата година,за секого здравје,смеа, радости, љубов и бескрајна среќа  порачаа  преубавите и вредни првачиња!!!