28 March 2017

Реализирање на предавање во соработка со Always Ultra - програма за ученички од VI одделение на тема „Промените во пубертетот и хигиената во тој период“.













11 March 2017

Дружење со бајките на Х.К.Андерсен

Забавна читачка работилница. Читање по улоги на бајката „Грдото пајче“
Лидија Лозанова

02 March 2017

Од работилницата за учење на бихевиорални вештини со учениците од VI 2 одд. ,по пат на бура на идеи,утврдивме дека најчесто навредување е исмејување на “способностите“ и физичкиот изглед.За да ја поправиме штетата ,се ангажиравме да ги развиеме вештините на комуникација,по пат на воведување на учениците во одредени ситуации .Во групи учениците донесуваа одлука за најдобро решение за надминување на ситуацијата која може да доведе до насилно однесување.На оваа работилница учениците учеа да прават разлика помеѓу пасивно, агресивно и асертивно однесување.                             
  Пр.Ситуација;       
  Седиш во кино и оној што седи пред тебе почнува да дофрла и зборува со својот пријател.
1.Цело време се поместуваш лево-десно за да го гледаш филмот и се напрегаш да слушаш.
2.„Ај замолчи ,не си на пазар.“
3.„Ве молам бидете тивки ,сакам да го следам филмот.“