01 April 2014
22 March 2014
11 March 2014
Интернационален Сертификат !!!
Иако влеговме во третиот последен циклус на Програмата„Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, нашето училиште во изминатата учебна година вредно работеше, постигна многу во реализацијата на истата програма и во подигнувањето на свеста за заштита на животната средина кај учениците, наставниците, па и родителите.Единствено, ни недостигаше малку храброст да аплицираме за највисоката награда зелено знаме, па на објавениот конкурс од страна на ОХО Здружение за едукација,консалтинг и комуникација и Министерството за образование и наука, во соработка со Швајцарската агенција за развој, нашето училиште се пријави за сребрено ниво, односно ниво веднаш после зеленото знаме.
На петтиот по ред Еко самит одржан во О.У.„Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром во присуство на министерот за образование и наука Спиро Ристовски и Амбасадорот на Швајцарската конфедерација Стефано Лазарото беа доделени наградите за најдобрите еко училишта.
Придобивки од истата награда:Нашето училиште се закити со Интернационален сертификат за Еко училиште, односно влезе во Интернационалната мрежа на еко училишта FEE, како и можност да учествува со свои проекти за финансиска поддршка, а воедно и мотив следната учебна година да се закитиме со Зелено знаме, зашто тоа го заслужуваме....ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ!20 January 2014
05 December 2013
05 November 2013
Втора заедничка средба
Во склоп на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието реализирана беше средба помеѓу ученици и наставници од партнер основните училишта Истикбал од Тетово и Тодор Ангелевски од Битола. На средбата беа реализирани повеќе заеднички активности за учење и дружење.
03 November 2013
Subscribe to:
Posts (Atom)