Еко Активности


.



Презентации изработени од ученици на тема Заштеда на енергија и Ние и електричната енергија











По повод доаѓањето на пролетта на 22 Март (ден подоцна)  и   во рамките на реализирањето на програмата Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем, во О.У.„Тодор Ангелевски“ – Битола, беше организиран настан:
Креативно изразување со разни сликарски техники на тема „Пролетта доаѓа“
Настанот требаше да се случи во училишниот двор на нашето училиште, но поради студеното време и ветер, учениците од одделенска настава од двете смени,излегоа од своите училници и во училишниот ходник,  креативно ликовно се изразуваа поттикнати во нивната инспирација со музиката на Вивалди  „Пролет“ од композицијата „Четирите годишни времиња“преку училишното озвучување. После создадените творби, одбрани беа најуспешните и презентирани во фоајето на училишната зграда, на поставен Еко-ѕид, да ја разубавуваат истата со пролетни мотиви.



















Нашето училиште кон крајот на минатата учебна година влезе во проектот „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, за таа цел во текот на учебната 2012/13 година ќе се реализираат низа активности за кои, само доколку се вклучуваме сите наставници и ученици заедно, ќе можеме да ги реализираме и оствариме поставените цели.
Програмата „Еко училиште“ јасно го определува начинот на кој наставните содржини за заштита на животната средина кои се дел од наставната програма ќе се применуваат во секојдневниот живот на нашето училиште. Посебно значење преку оваа програма му се посветува на прашањето за намалување и рециклирање на отпадот, рационално користење на енергијата, водата, уредувањето на нашето училиште, училишниот двор и нашата најблиска околина. Само доколку секој поединец активно се вклучи во кампањата, ќе имаме успех и заедно ќе ги славиме успесите.

  • Најпрво нашето училиште објавува конкурс за Еко-кодекс кој ќе ја дефинира нашата мисија.Откако конкурсот ќе биде затворен сите идеи, творби ќе бидат презентирани пред целото училиште(наставници, ученици, родители),  а најдобрата и оригинална идеја ќе биде избрана за Еко-кодекс на нашето училиште.
  • Еко-одборот на нашето училиште  месецот  октомври го назначи за месец за  чистење на училиштето. Тоа значи дека  секој наставник да се организира со своите ученици кога што тој смета дека има услови за: чистење на училниците, чистење на ходниците, чистење на училишниот двор, исфрлање на стари и непотебни работи, разубавување на долниот и горниот ходник и се што може да придонесе за поубаво и почисто училиште.
  • Во месец ноември е се организираат низа актиости:најпрво ќе биде прославен 7 Ноември Светски „Ден на акција“ каде нашето училиште ќе организира две акции, учениците од I – V заедно со своите наставнички ќе засадуваат цвеќиња, во 40 саксии, со цел да си го разубават училишниот ходник, местото каде после домот најмногу време минуваат, а учениците од VI – VII ќе собираат пластични шишиња и во училишниот ходник ќе има презентација на машина за згмечување на собраната пластика. Во текот на  месец ноември ќе се засадуваат дрвца, ќе се презентира Еко – кодексот на нашето училиште, ќе се разубавуваат ѕидовите во училишниот ходник со Еко-пораки и содржини.





No comments:

Post a Comment