22 June 2020

Почитувани ученици и родители!

Наставничкиот совет при
ОУ"ТОДОР АНГЕЛЕВСКИ" - БИТОЛА
 на денешниот состанок разговараше за препораките од страна на Министерството за образование и наука, поради моменталната состојба со пандемијата КОВИД-19, во насока на заштита за здравјето на учениците, вработените во училиштата и поширокото население, свидетелствата на учениците од прво одделение до 8 одделение, да се доделуваат на почетокот на месец септември, освен за учениците кои имаат потреба од нивно издавање во овој период од оправдани причини (заради префрлање во друго училиште, преселба итн).
Согласно овие препораки  на нашите ученици им посакуваме среќен летен распуст.
Да останеме сите здрави, живи,  да ги доделиме свидетелствата и да ја започниеме новата учебна година во нашето  ОУ "Тодор Ангелевски"
 на 1ви Септември. 
Со почит, 
Наставнички колегиум
 ОУ"ТОДОР АНГЕЛЕВСКИ" - БИТОЛА

12 April 2020

Соопштение!

Нашето училиште до 10 Март 2020 година ја оддржуваше својата редовна настава во училиште, од 11 Март воспитно образовната работа премина на т.н. далечинско учење, на почеток преку ФБгрупи, Google classroom платформата, а сега успешно функционираме преку двонасочна комуникација и примена на конференцискиот систем ZOOM .
На оваа платформа се приклучени сите наши наставници, стручни соработници и наши ученици кои функционираат на најдобар можен начин да нема прекин во нивното школување.
Ви соопштуваме дека на 9 и 10 Април се оддржаа Одделенските совети преку видеоконференциска врска, каде сите класни раководители имаа излагања т.е.даваа информации за нивните паралелки.
На 13 Април 2020 година преку видео конференциска ќе одржиме Наставнички совет на кој ќе се потврди успехот на сите наши ученици за трето тримесечие за учебната 2019/20 година.
Ве известуваме дека ЕВИДЕНТНИТЕ ЛИСТОВИ за успех за трето тримесечие ќе бидат доставени на Вашите email адреси на 16 Април 2020 год.
Нашето училиште одлично функционира со голем ентузијазам и во овие вонредни состојби, а се надеваме дека така и ќе ја завршиме успешно и оваа учебна година!
Ви посакуваме на сите добро здравје, и останете дома!

Од 13.04.2020 нова сатница за настава

27 March 2020

Преку ЗООМ платформа непречено се реализира on-line наставата во ОУ „Тодор Ангелевски“-Битола

Преку ЗООМ платформа непречено се  реализира on-line наставата во ОУ „Тодор Ангелевски“-Битола

Непречено се  реализација  on-line наставата во ОУ „Тодор Ангелевски“-Битола токму преку ЗООМ платформа.  Владата  на Република Северна Македонија, на седницата, одржанана  23 март 2020тата година, донесе уредба со законска сила за примена на Законот за основно образование за време на вонредна состојба.  Врз основа на оваа уредба, „ОУ Тодор Ангелевски“-Битола  донесе одлука за организирање на настава  преку далечинско учење, односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација со видеоконференциска  платформа ЗООМ . повеќе