По повод доаѓањето на
пролетта на 22 Март (ден подоцна) и во
рамките на реализирањето на програмата Интеграција на еколошката едукација
во македонскиот образовен систем, во О.У.„Тодор Ангелевски“ – Битола, беше
организиран настан:
Креативно изразување со разни сликарски техники на тема „Пролетта доаѓа“
Настанот
требаше да се случи во училишниот двор на нашето училиште, но поради студеното
време и ветер, учениците од одделенска настава од двете смени,излегоа од своите
училници и во училишниот ходник, креативно ликовно се изразуваа поттикнати во
нивната инспирација со музиката на Вивалди
„Пролет“ од композицијата „Четирите годишни времиња“преку училишното
озвучување. После создадените творби, одбрани беа најуспешните и презентирани
во фоајето на училишната зграда, на поставен Еко-ѕид, да ја разубавуваат истата
со пролетни мотиви.
No comments:
Post a Comment