Учениците, наставниците, вработените од
OУ ,,Тодор
Ангелевски,, сериозно ги сфаќаат еколошките проблеми и секојдневно преку низа активности
се трудат да придонесат за здрава животна средина и здрав живот. Водени сме од идејата дека навистина сакаме да преуредиме, да исфрлиме се што не
ни е потребно да се ослободиме од се она претставува вишок, да исчистиме и да
се пофалиме со убавините на естетското,
чистото, уреденото.
Во
нашето училиште еко-активностите се одвиваат континуирано.Пред почетокот на
новата учебна година беше уреден дворот во училиштето,а беа поставени и нови
корпи за отпадоци.
Во акцијата спроведена на 3.10.2015 год.се
вклучивме во одбележување на почетокот
на кампањата ,,Македонија без отпад,, во оваа учебна година. Се реализираа
повеќе активности со учениците и наставниците членови на Еко-одборот.Акциите
беа собирање на отпад во училишниот двор и околните места, како и собирање на
пластични шишиња за изработка на куќарка за ботаничката градина.
Денот беше прекрасен па затоа нашата акција ја продолживме во училишниот двор.Формираните еко-патроли од предметна настава со нивната наставничка Ана Јовановска направија интервју на тема ,,Намалување на отпадот,, со цел да се намали отпадот во нашето училиште.Се организира и едукативен час на тема ,,Отпад,, каде учениците беа мотивирани да го селектираат отпадот во околината ,со оглед што училиштето поседува канти за различен вид на отпад: стакло,пластика и хартија. Вредните рачиња на сите ученици изработија Еко дрвце и испратија многу пораки за заштита на нашата мајка планета Земја.
Најубаво од се е тоа што активностите
ни поминаа во весела и дружељубива атмосфера. Тоа беше ден каде немаше
ученици,наставници и вработени, бидејќи сите ние бевме екологисти. Погледајте ги
нашите фотографии и видеа од сите овие активности. Ние продолжуваме
понатаму...............
Кординатор на проектот:
Слаџана Бојаџиева
Na{eto moto e:
Uporna rabota, trud; prezemawe
na razni inicijativi, komunikativnost, spremnost za rabota i sorabotka,
konstruktivnost, `elba za ubav, ~ist, ureden, i sreden prostor kako vo
u~ili{teto, taka i okolu nego; miris na sve`o farbani yidovi i sve`a zelena
treva.
No comments:
Post a Comment