Со оваа меѓународна студија се проверува оспособеноста на учениците од 9-10 годишна возраст за читање со разбирање, а Република Северна Македонија во тестирањето ќе учествува заедно со околу 50 држави од целиот свет. Подготовките ќе траат до стартувањето на тестирањето и во истите се вклучени Бирото за развој на образование и Државниот испитен центар.Во училиштето со подготовките за студијата се опфатени учениците одIV(четврто) одделение:три паралелки во централното училиште;една во населба Стрелиште и една во населба Горно Оризари. Одделенските наставници од четврто одделение учествуваа на вебинарите организирани за таа цел,on line десемнации и бројни состаноци ,на кои стекнатите сознанија ги вметнаат во содржините на часовите по предметот македонски јазик.
Со овие активности беа опфатени наставниците:Оливера Клочовска-помошник координатор,Ивона Божиновска,Виолета Рајчова,Јагода Мамузиќ и Мирјана Кимева.
Акцентот на оваа студија е ставен на читањето со разбирање.
PIRLS Цели на читањето и процеси на разбирање
Цели за читање |
Книжевно доживување |
Добивање и користење информации |
Процеси на разбирање |
Фокусирање на и помнење експлицитно наведени информации |
Изведување непосредни заклучоци |
Способност да се разберат и да се користат
различни форми на пишан материјал што опшетеството го бара или/и пак
индивидуите го сметаат за важен. Младите читатели можат да конструираат мислење
од различни видови текстови. Тие читаат заради учење, активно вклучување во
средината на читатели и лично задоволство.
Тоа ги вклучува традиционалните пишани форми, како што се книги, списанија, документи и весници, како и дигитални форми како што се е-пораки, текстуални пораки, и интернет страници каде текстот често е интегриран во разни мултимедијални формати.
Училишен координатор
Соња Крстеска
No comments:
Post a Comment