27 April 2013

22 Април- Светски ден на планетата Земја


По повод 22 Април- Светскиот ден на планетата Земја, како и Светскиот ден на акција, нашето училиште повторно се вклучи во низата активности и во овој настан  свечено и со многубројни активности го прослави и овој ден. Во низата активности стои кампањата на дел од учениците за почиста и поздрава животна средина, каде со пароли во рацете, облечени со еко костими и делејќи флаери со едукативни пораки го прославија истиот ден, а исто така се вклучија во модната ревија на еко костими која ја организираше градинката„Естреја Овадија Мара“. Додека еден дел од учениците беа излезени на Градскиот плоштад и по улиците на Широк Сокак, во училиштето се спроведе акција за поставување на куќички за птици во училишниот двор, кои ќе служат за хранење и гнездење на птиците. Додека едните ја подигаа свеста за поздрава и почиста средина, другите ставаа куќички на дрвјата од училишниот двор, друга група ученици засадуваше цвеќиња, со кои хортикултурно ќе се доуредат некои катчиња од нашето училиште. Важно дека ја постигнуваме нашата цел, од сите еко-акции сме дел!

No comments:

Post a Comment