22 June 2020

Почитувани ученици и родители!

Наставничкиот совет при
ОУ"ТОДОР АНГЕЛЕВСКИ" - БИТОЛА
 на денешниот состанок разговараше за препораките од страна на Министерството за образование и наука, поради моменталната состојба со пандемијата КОВИД-19, во насока на заштита за здравјето на учениците, вработените во училиштата и поширокото население, свидетелствата на учениците од прво одделение до 8 одделение, да се доделуваат на почетокот на месец септември, освен за учениците кои имаат потреба од нивно издавање во овој период од оправдани причини (заради префрлање во друго училиште, преселба итн).
Согласно овие препораки  на нашите ученици им посакуваме среќен летен распуст.
Да останеме сите здрави, живи,  да ги доделиме свидетелствата и да ја започниеме новата учебна година во нашето  ОУ "Тодор Ангелевски"
 на 1ви Септември. 
Со почит, 
Наставнички колегиум
 ОУ"ТОДОР АНГЕЛЕВСКИ" - БИТОЛА