25 February 2017

УЧИМЕ : КАКО ДО НЕНАСИЛНО ОДНЕСУВАЊЕ ?

Статистиката покажува дека не постои училиште каде не е забележано присуството на деструктивно однесување од страна на учениците насочено врз ученици.Насилството не мора да е поврзано со употреба на физичка сила.И тогаш кога употребуваме закана или исмејување на друго лице,и тогаш постапуваме деструктивно.
Со учениците од V3,на заедничка работилница учевме Како да ја поправиме грешката? Поточно учиме како да развиваме вештини за успешна комуникација преку активно слушање.Но не застанавме тука.Ги поттикнавме да размислуваат за можни Идеи за помирување.Следната работилница ке учиме како да разрешуваме конфликти по пат на Играње на улоги по сценарио напишано од самите ученици.

Соња Крстеска психолог