24 December 2014

Новогодишен панаѓур


ВОЗРАСТА НЕ Е ПРЕЧКА ЗА СОРАБОТКА


           Продолжува  соработката со учениците од графичката струка при СОУ „Таки Даскало“ од Битола. И оваа година како парнерски училишта реализираа уште еден  заедничкиот проект, под водство на одговорните наставници: Лидија Стерјов – одделенски наставник и Весна Мундишевска-Велјановска - наставник по графички стручни предмети, а воедно и родител во нашето училиште.
Овојпат се работи за изработка на брошурата „Готварски рецепти“, во која се содржани сите рецепти од родителите на учениците од IV1 одд. со кои ќе учествуваат на Новогодишниот панаѓур кој треба да се одржи на 25.12.2015 год.

Во знак на благодарност за несебичната помош и поддршка, четвртооделенците им врачија Благодарница на матурантите од  СОУ „Таки Даскало“ -  Битола која сами ја изработија.

11 April 2014

Програма на активностите по повод Патрониот празник

15.04.2014 (Вторник)


 Литературно читање
17:00 часот во училишна библиотека


16.04.2014 (Среда)


 Свечана академија по повод Патрониот празник
18:00 часот во Дом на културата


17.04.2014 (Четврток)


Спортски натпревари во мал фудбал
9:00 часот на спортки терени во централното училиштето

Квиз по математика
10:00 часот во кабинет по математика

Презентација за екологијата од секцијата по природни науки
11:00 часот во кабинет по физика

Коктел за гости и пензионери
11:00 часот во училишна библиотека

04 April 2014

ОТВОРЕНА ЛЕТНА ЕКО УЧИЛНИЦА

Прекрасниот зелен двор на нашето училиште, кој претставува место каде нашите ученици со задоволство минуваат за време на големиот и малите одмори, родителите си починуваат додека ги чекаат своите деца, бабите и дедовците се спокојни додека нивните внуци трчкаат и се забавуваат низ искосената трева во нашиот двор, а населението кое живее наоколу се разладува во жешките летни денови под длабоките сенки на дрвјата кои изобилуваат во нашиот двор.Од неодамна него го краси и преубава летна разнобојна училница, каде и за време на часовите учениците и наставниците ќе може да ги користат благодетите на чистиот и уреден , зелен двор. Летната училница е направена „со свои раце“ што би рекле од дрва кои беа стари и исечени од нашиот двор, како и од отпадни материјали -цевки од неупотребливи радијатори од членови на тимот на Еко одборот. За сега да претставува уште едно место„за душа“ и катче за настава во природа на сите наставници и ученици кои во преубавите пролетни денови сакаат да ја истражуваат природата и да го чувствуваат пријатниот мирис на липите,елите,боровите...






22 March 2014

Lions клубот засади рози

По повод доаѓањето на пролетта, членовите од Lions клубот од Битола на 22 март, донираа и засадија бели рози во дворот на основното училиште „Тодор Ангелевски“. Беа избрани бели рози бидејќи тие најмногу апсорбираат штетни материи од воздухот.


11 March 2014

Интернационален Сертификат !!!

Иако влеговме во третиот последен циклус на Програмата„Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, нашето училиште во изминатата учебна година вредно работеше, постигна многу во реализацијата на истата програма и во подигнувањето на свеста за заштита на животната средина кај учениците, наставниците, па и родителите.Единствено, ни недостигаше малку храброст да аплицираме за највисоката награда зелено знаме, па на објавениот конкурс од страна на ОХО Здружение за едукација,консалтинг и комуникација и Министерството за образование и наука, во соработка со Швајцарската агенција за развој, нашето училиште се пријави за сребрено ниво, односно ниво веднаш после зеленото знаме.
На петтиот по ред Еко самит одржан во О.У.„Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром во присуство на министерот за образование и наука Спиро Ристовски и Амбасадорот на Швајцарската конфедерација Стефано Лазарото беа доделени наградите за најдобрите еко училишта.
Придобивки од истата награда:Нашето училиште се закити со Интернационален сертификат за Еко училиште, односно влезе во Интернационалната мрежа на еко училишта FEE, како и можност да учествува со свои проекти за финансиска поддршка, а воедно и мотив следната учебна година да се закитиме со Зелено знаме, зашто тоа го заслужуваме....ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ!