12 April 2020

Соопштение!

Нашето училиште до 10 Март 2020 година ја оддржуваше својата редовна настава во училиште, од 11 Март воспитно образовната работа премина на т.н. далечинско учење, на почеток преку ФБгрупи, Google classroom платформата, а сега успешно функционираме преку двонасочна комуникација и примена на конференцискиот систем ZOOM .
На оваа платформа се приклучени сите наши наставници, стручни соработници и наши ученици кои функционираат на најдобар можен начин да нема прекин во нивното школување.
Ви соопштуваме дека на 9 и 10 Април се оддржаа Одделенските совети преку видеоконференциска врска, каде сите класни раководители имаа излагања т.е.даваа информации за нивните паралелки.
На 13 Април 2020 година преку видео конференциска ќе одржиме Наставнички совет на кој ќе се потврди успехот на сите наши ученици за трето тримесечие за учебната 2019/20 година.
Ве известуваме дека ЕВИДЕНТНИТЕ ЛИСТОВИ за успех за трето тримесечие ќе бидат доставени на Вашите email адреси на 16 Април 2020 год.
Нашето училиште одлично функционира со голем ентузијазам и во овие вонредни состојби, а се надеваме дека така и ќе ја завршиме успешно и оваа учебна година!
Ви посакуваме на сите добро здравје, и останете дома!

Од 13.04.2020 нова сатница за настава