03 December 2020

HEAD ПРОЕКТОТ ВО ОOУ „ТОДОР АНГЕЛЕВСКИ“

Од оваа 2020/2021 година училиштето е дел од истражувањата на HEAD проектот

Со истражувањето се опфатени директорот,42 наставници од одделенска и предметна настава од централното училиште и 42 ученика од VII одделение.Истражувањето се одвива во два периоди.Првиот период од истражувањето завршува на 10.11.2020 година,додека вториот го очекуваме во второто тромесечие од оваа учебна година,односно пролетта 2021 година.

Што во основа е овој проект

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ започна со реализирање на проектот HEAD- „Зајакнување на капацитетите на директорите на училиштата за градење инклузивна училишна култура“, за развој на заеднички вредности и социјална инклузија во образованието. Носител на проектот е Мрежата на центри за образовни политики NEPC од Загреб во конзорциум со 7 меѓународни организации, а со финансиски средства на ЕУ преку програмата ЕРАЗМУС. Фондацијата „Чекор по чекор“ е одговорна за проектните активности кои ќе се спроведуваат во основните училишта во нашава земја.

Проектот HEAD: „Зајакнување на капацитетите на директорите на училиштата за градење инклузивна училишна култура“ започна со реализација на 1 декември 2019 година и има за цел да се осврне на професионализацијата на директорите на основните и средните училишта во Хрватска и Северна Македонија, користејќи ги позитивните практики во оваа област од Словенија и Холандија.

ГЛАВНА ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ:

Обезбедување поддршка на училиштата во развој на инклузивна училишна култура.

СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ:

Развој на програма за професионален развој на директори преку модуларизиран пристап. Главни обележја на програмата за обука се:

  • насоченост кон личен и професионален развој
  • насоченост кон демократско управување - вклучување на сите засегнати страни во управувањето
  • насоченост кон сеопфатен училиштен развој - училишни политики, мисија и визија, професионален развој на наставници и стручни служби
  • Разгледување опции засновани на докази за развој на политики за сеопфатен национален пристап кон подобрување на инклузивноста на училишната
  • Градење коалиција за поддршка на процесот на градење инклузивна училишна култура.

Изготвил

С.Крстеска

01 December 2020

Започнаа подготовките за тестирањето за Меѓународната студија ПИРЛС 2021 во О.У.„Тодор Ангелевски“ Битола


Со оваа меѓународна студија се проверува оспособеноста на учениците од 9-10 годишна возраст за читање со разбирање, а Република Северна Македонија во тестирањето ќе учествува заедно со околу 50 држави од целиот свет. Подготовките ќе траат до стартувањето на тестирањето и во истите се вклучени Бирото за развој на образование и Државниот испитен центар.Во училиштето со подготовките за студијата се опфатени учениците одIV(четврто) одделение:три паралелки во централното училиште;една во населба Стрелиште и една во населба Горно Оризари. Одделенските наставници од четврто одделение учествуваа на вебинарите организирани за таа цел,on line десемнации и бројни состаноци ,на кои стекнатите сознанија ги вметнаат во содржините на часовите по предметот македонски јазик.

Со овие активности беа опфатени наставниците:Оливера Клочовска-помошник координатор,Ивона Божиновска,Виолета Рајчова,Јагода Мамузиќ и Мирјана Кимева.

Акцентот на оваа студија е ставен на читањето со разбирање.

PIRLS Цели на читањето и процеси на разбирање

  

Цели за читање

Книжевно доживување

Добивање и користење информации

Процеси на разбирање

Фокусирање на и помнење експлицитно наведени информации

Изведување непосредни заклучоци

Способност да се разберат и да се користат различни форми на пишан материјал што опшетеството го бара или/и пак индивидуите го сметаат за важен. Младите читатели можат да конструираат мислење од различни видови текстови. Тие читаат заради учење, активно вклучување во средината на читатели и лично задоволство.

Тоа ги вклучува традиционалните пишани форми, како што се книги, списанија, документи и весници, како и дигитални форми како што се е-пораки, текстуални пораки, и интернет страници каде текстот често е интегриран во разни мултимедијални формати.

Училишен координатор

Соња Крстеска