10 May 2021

И З В Е С Т У В А Њ Е

ЗА ЗAПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА

УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

ПОЧИТУВАНИ РОДИТЕЛИ

Ве известуваме дека запишувањето на ученици во прво одделение за учебната 2021/2022 година,ќе започне од 04.05.2021 година и ќе трае до 31.05.2021година

Родителот/старателот треба електронски да го пријави своето дете на линкот https://uslugi.gov.mk/.../zapishuvanje-na-dete-vo-prvo...

По направената електонска пријава потребно е да се закаже термин за интервју со детето со физичко присуство.

Со цел да се избегне можноста од групирање на повеќе лица,Ве молиме вашето доаѓање да го најавите на

тел.075/752-941 и 072/253-710.

При запишувањето задолжителни детето да биде придружувано од еден родител/старател и да се придржува кон протоколите за заштита- носење на заштитна маска.

Потребни документи за запишување:

1. Оригинален извод од матична книга на родени .

2. Потврда за примени вакцини,издадена од ЈЗУ Здравствен дом.

3. Потврда за извршен стоматолошки преглед од матичен стоматолог или упат за стоматолошки преглед издаден од матичен лекар,со што се задолжува родителот/стрателот, по извршениот стоматолошки преглед навремено да ја достави потврдата.

4. Потврда за извршен офталмолошки преглед од специјалист офталмолог,или упат од матичен лекар со што се задолжува родителот/старателот, по извршениот офталмолошки преглед навремено да ја достави потврдата во училиштето.

Комисија за запишување во прво одделение

ООУ „ТОДОР АНГЕЛЕВСКИ“ -Битола

13 April 2021

Меѓународната студија ПИРЛС 2021

 На ден 02.03.2021 година во ООУ„Тодор Ангелевски“,Битола,беше реализирано пробното тестирање како дел од Меѓународната студија ПИРЛС 2021.Со тестирањето беа опфатени 20 ученици од IV 1 одделение на одделенскиот раководител Ивона Божиновска.Тестирањето се одвиваше во два дела со почеток од 10:00 часот со физичко присуство на учениците.Паралелката беше поделена во две групи од по 10 ученици,согласно со протоколот за работа во услови на пандемија.Тестирањето го надгледуваа двајца тестатори,одд.наставник Ивана Митевска и педагог,Билјана Поповска,како и резервен тестатор, Јасминка Стојановска. Тестирањето се одвиваше во најдобар ред,а учениците без проблем навреме ги завршија тестовите. По доставената листа за оценување на тестовите, наставничките од четвртите одделенија Ивона Божиновска,Јагода Мамузиќ и Виолета Рајчовска , навремено ги оценија тестовите. Истите во дадениот временски рок,согласно пропишаната процедура беа вратени до местото на подигање,односно до Општина Битола а од таму до ДИЦ.

Спремни го очекуваме главното тестирање кое треба да се реализира кон крајот на месец Април или почетокот на Мај.

Училишен координатор за ПИРЛС

С.Крстеска,психолог