13 April 2021

Меѓународната студија ПИРЛС 2021

 На ден 02.03.2021 година во ООУ„Тодор Ангелевски“,Битола,беше реализирано пробното тестирање како дел од Меѓународната студија ПИРЛС 2021.Со тестирањето беа опфатени 20 ученици од IV 1 одделение на одделенскиот раководител Ивона Божиновска.Тестирањето се одвиваше во два дела со почеток од 10:00 часот со физичко присуство на учениците.Паралелката беше поделена во две групи од по 10 ученици,согласно со протоколот за работа во услови на пандемија.Тестирањето го надгледуваа двајца тестатори,одд.наставник Ивана Митевска и педагог,Билјана Поповска,како и резервен тестатор, Јасминка Стојановска. Тестирањето се одвиваше во најдобар ред,а учениците без проблем навреме ги завршија тестовите. По доставената листа за оценување на тестовите, наставничките од четвртите одделенија Ивона Божиновска,Јагода Мамузиќ и Виолета Рајчовска , навремено ги оценија тестовите. Истите во дадениот временски рок,согласно пропишаната процедура беа вратени до местото на подигање,односно до Општина Битола а од таму до ДИЦ.

Спремни го очекуваме главното тестирање кое треба да се реализира кон крајот на месец Април или почетокот на Мај.

Училишен координатор за ПИРЛС

С.Крстеска,психолог