22 December 2015

УЧЕСТВО ВО ПАКОМАК „TRASH FOR ART"

Приказната ,,Trash for art,, трае веќе 5 години и во неа има многу ликови и предмети и магични простори  направени од амбалажен отпад. Оваа година компанијата ПАКОМАК  ја продолжи својата приказна  за да ги инспирира учениците да создадат интересни уметнички творби од амбалажен отпад .


Во креирањето на делата можеше да се употреби следниот амбалажен отпад: лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, кутии, конзерви, амбалажи од козметика и средства за чистење, пластични чаши, фолија за пакување, дрвени палети, тетрапак-пакувања, кеси од чипс, кутии, обвивки и сл. Делата се изработуваа од најмалку 10 парчиња амбалажен отпад (од ист или различен тип амбалажа)  со висина до 150 см.

Пакомак со оваа активност сака да ја разбуди креативноста кај луѓето и да ги инспирира да создаваат интересни уметнички дела, со цел да укаже на важноста од едукација на населението за селектирање и рециклирање на отпадот. Ги повикуваме сите да размислуваат надвор од границите, да ја разбудат својата фантазија, да создадат уникатни уметнички творби и со тоа да и дадат една поинаква димензија на употребената амбалажа во секојдневниот живот, бидејќи грижата за животната околина зависи од сите нас.

Еве како ние ја изработувавме нашата елка  од  ЦД  за натпреварот одржан на 14-15.12.2015 во   Универзална сала во Скопје.








No comments:

Post a Comment