03 December 2020

HEAD ПРОЕКТОТ ВО ОOУ „ТОДОР АНГЕЛЕВСКИ“

Од оваа 2020/2021 година училиштето е дел од истражувањата на HEAD проектот

Со истражувањето се опфатени директорот,42 наставници од одделенска и предметна настава од централното училиште и 42 ученика од VII одделение.Истражувањето се одвива во два периоди.Првиот период од истражувањето завршува на 10.11.2020 година,додека вториот го очекуваме во второто тромесечие од оваа учебна година,односно пролетта 2021 година.

Што во основа е овој проект

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ започна со реализирање на проектот HEAD- „Зајакнување на капацитетите на директорите на училиштата за градење инклузивна училишна култура“, за развој на заеднички вредности и социјална инклузија во образованието. Носител на проектот е Мрежата на центри за образовни политики NEPC од Загреб во конзорциум со 7 меѓународни организации, а со финансиски средства на ЕУ преку програмата ЕРАЗМУС. Фондацијата „Чекор по чекор“ е одговорна за проектните активности кои ќе се спроведуваат во основните училишта во нашава земја.

Проектот HEAD: „Зајакнување на капацитетите на директорите на училиштата за градење инклузивна училишна култура“ започна со реализација на 1 декември 2019 година и има за цел да се осврне на професионализацијата на директорите на основните и средните училишта во Хрватска и Северна Македонија, користејќи ги позитивните практики во оваа област од Словенија и Холандија.

ГЛАВНА ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ:

Обезбедување поддршка на училиштата во развој на инклузивна училишна култура.

СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ:

Развој на програма за професионален развој на директори преку модуларизиран пристап. Главни обележја на програмата за обука се:

  • насоченост кон личен и професионален развој
  • насоченост кон демократско управување - вклучување на сите засегнати страни во управувањето
  • насоченост кон сеопфатен училиштен развој - училишни политики, мисија и визија, професионален развој на наставници и стручни служби
  • Разгледување опции засновани на докази за развој на политики за сеопфатен национален пристап кон подобрување на инклузивноста на училишната
  • Градење коалиција за поддршка на процесот на градење инклузивна училишна култура.

Изготвил

С.Крстеска

No comments:

Post a Comment