На покана на раководителката на Австриската библиотека д-р Валентина Илиева, а на иницијатива на м-р Симона Монавчева (специјалност- Nöstlinger) проф. по германски јазик во Основното училиште „Тодор Анѓелевски“ во Битола 16 ученици од 7. и 9. одделение, кои го изучуваат германскиот јазик подготвија литературно читање и натпревар во брзо читање на германски јазик. Националната установа универзитетска библиотека „Св. Климент Охирдски“ раководена од директорот г-дин Науме Ѓоргиевски во која е сместена Австриската библиотека организира топол прием на учениците така што г-ѓа Фатма Аземовска со водење низ детскиот оддел, австриската читалница, магацинскиот простор, медиотеката и новите читалници ги запознаа учениците со новите настани кои се случија во изминатиот период, со начинот на пребарување и изнајмување на книги, со начинот на складирање на книгите и нивните права и обврски како читатели. Во новата читалница бр.1 учениците ги читаа текстовите од книгата "Mini ist die Größte" од австриската писателка Christine Nöstlinger. Потоа со помош на колешките Билјана Кицевска, Марина Петровска и Кристина Илиева беше организиран натпревар со учениците во брзо и точно читање на текстовите на германски јазик. На крај д-р Илиева мотивирајќи ги учениците да продолжат да ги користат книгите на германски јазик од Австриската библиотека во Битола им подари пригодни подароци на учениците.
25 December 2015
23 December 2015
Mülltrennung für Kinder

Dieser Monat ist des Abfalls gewidmet, im Rahmen desThemas:“ Wiederverwenden, Entsorgen, Auslesen und Kompostierung“.


Simona Monavceva

22 December 2015
УЧЕСТВО ВО ПАКОМАК „TRASH FOR ART"


Пакомак со оваа активност сака да ја разбуди креативноста
кај луѓето и да ги инспирира да создаваат интересни уметнички дела, со цел да
укаже на важноста од едукација на населението за селектирање и рециклирање на
отпадот. Ги повикуваме сите да размислуваат надвор од границите, да ја разбудат
својата фантазија, да создадат уникатни уметнички творби и со тоа да и дадат
една поинаква димензија на употребената амбалажа во секојдневниот живот,
бидејќи грижата за животната околина зависи од сите нас.
Еве како ние ја изработувавме нашата елка од
ЦД за натпреварот одржан на
14-15.12.2015 во Универзална сала во
Скопје.
ВАЖНО Е ДРВОТО И СЕКОЈ НЕГОВ ЛИСТ ЗАШТО НИ ДАВА ВОЗДУХ ЧИСТ
Садењето дрвја е една од најблагодарните
акции.Во нашето училиште секоја година редовно се вклучуваме во акциите за
садење дрвја.Секое дрво е филтер кој го прочистува воздухот бидејќи ги впива штетните гасови и ги
преработува во кислород.Дрвјата за нас,но и за другите живи организми значат
живот.
Сончевото време не поттикна да ја посетиме Ботаничката градина на Јавното претпријатие-Комуналец. Учениците со голем интерес ги разгледуваа растенијата и условите за нивно одгледување.
20 December 2015
09 December 2015
Зошто треба да компостираме?
Во
Македонија не се врши раздвојување на
отпадот и целиот отпад се носи на
депониите. Со такво однесување кон
отпадот уништуваме големи количини на
секундарна суровина, а неконтролираното
разградување на органскиот отпад
предизвикува многукратни штетни
последици. Со воведување на едноставни
мерки за сепарација и повторно користење
на секундарните суровини, како и со
компостирањето на органскиот отпад
многу ќе се придонесе за зачувување на
нашата планета.
Органски
отпад – биоотпад е всушност кујнскиот
отпад. Тој представува 1/3 од куќниот
отпад и е вредна суровина за производството
на квалитетен биокомпост.
Subscribe to:
Posts (Atom)