25 December 2015

Блиска средба во Австриската библиотека во Битола

На покана на раководителката на Австриската библиотека д-р Валентина Илиева, а на иницијатива на м-р Симона Монавчева (специјалност- Nöstlinger) проф. по германски јазик во Основното училиште „Тодор Анѓелевски“ во Битола 16 ученици од 7. и 9. одделение, кои го изучуваат германскиот јазик подготвија литературно читање и натпревар во брзо читање на германски јазик. Националната установа универзитетска библиотека „Св. Климент Охирдски“ раководена од директорот г-дин Науме Ѓоргиевски во која е сместена Австриската библиотека организира топол прием на учениците така што г-ѓа Фатма Аземовска со водење низ детскиот оддел, австриската читалница, магацинскиот простор, медиотеката и новите читалници ги запознаа учениците со новите настани кои се случија во изминатиот период, со начинот на пребарување и изнајмување на книги, со начинот на складирање на книгите и нивните права и обврски како читатели. Во новата читалница бр.1 учениците ги читаа текстовите од книгата "Mini ist die Größte" од австриската писателка Christine Nöstlinger. Потоа со помош на колешките Билјана Кицевска, Марина Петровска и Кристина Илиева беше организиран натпревар со учениците во брзо и точно читање на текстовите на германски јазик. На крај д-р Илиева мотивирајќи ги учениците да продолжат да ги користат книгите на германски јазик од Австриската библиотека во Битола им подари пригодни подароци на учениците.



















No comments:

Post a Comment